Ракометниот Шек добива бројни понуди: „Збунет сум, за мене ова е нешто ново…“

Еден од најсимпатичните ракометари на неодамна завршеното Светско првенство во Египет, секако беше пивотот на ДР Конго, Тјери Готје Мвумби.

„Дебелкото“ од Конго со своите 140 килограми и тоа како го привлече вниманието на светската ракометна јавност. Па, веднаш по шампионатот на негова адреса се пристигнати низа понуди за продолжување на кариерата.

Мундијалот го заврши со 20 гола на контото, па сега за членот на францускиот четвртолигаш Дреукс се интересираат половина клубови од најсилната лига на Франција.

„Слушам за понудите, но да бидам искрен за мене сето ова е нешто ново. И понудите, и славата… Збунет сум. Не знам што да кажам. Наскоро ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“ – вели Мвумби.

Се вчитува...