Ракометниот Супер-куп ќе се игра во Куманово

Супер-купот на Македонија во ракомет меѓу Вардар и Металург ќе се одржи на 18 септември во Куманово, беше одлучено денеска од Ракометната Федерација на Македонија.

Овој дуел ќе биде реприза на финалето од Купот на Македонија, кога „металурзите“ токму во Куманово го шокираа големиот фаворит земајќи го „скалпот“ на „вардарци“. „Црвено-црните“ без никакви проблеми стигнаа до титулата на домашната сцена, па сега скопските ривали ќе ги одмерат силите во пресметка за супер-куп трофејот.

За „вардарци“ овој натпревар доаѓа меѓу првите две средби од Лигата на шампионите, гостувањето в сабота во Монпелје и првиот домашен дуел со Порто закажан за 22 септември.

Се вчитува...