Ракометот е спорт број 1 во Каталонија – Барселона во финишот го урна Алборг

И додека на фудбалскиот клуб не му оди баш најдобро и втора година по ред уште во групната фаза доживува елиминација во Лигата на шампионите, ракометарите играат неверојатно во елитното натпреварување.

Каталонците вечерва славеа на гостувањето кај дански Алборг со 33-39. Натпреварот беше во егал скоро педесет минути, а двократниот европски шампион во низа во последните десет минути успеа да го урне отпорот на жилавиот противник и да стигне до петтиот триумф сезонава.

Гомез Абељо со 11 погодоци беше прво име во победничкиот табор, додека Дика Мем погоди осум пати. Кај поразените Лукас Сандел заврши со осум погодоци.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 5. КОЛО:

Динамо Б. – ПСЖ 29-36

Пик Сегед – Елверум 30-23

ППД Загреб – Висла Плоцк 26-26

Алборг – Барселона 33-39


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...