Раководството на Челси со Тухел – Лукаку останува, но ќе плати казна од 600.000 евра

И покрај интервјуто на Ромело Лукаку во кое ја критикува тактиката на Тухел, и во кое вели дека би се вратил во Интер, вчера имало нов разговор меѓу Лукаку – раководството на клубот и Тухел.

Како што пренесува Фабрицио Романо, после разговорот е спуштена топката. Многумина сметаа дека тоа ќе биде вовед во разделба, сепак, засега нема да има заминување.

Раководството на „сините“ застанале на страната на Тухел, но напоменале дека Лукаку останува. Тој дојде од Интер за рекордна сума. Иако добро почна, сепак, Лукаку во моментов не е во добра форма. Токму поради тоа во интервју за „Скај Италија“ истакна дека не е среќен во Челси и дека би сакал да се врати во Интер.

Инаку за своето контроверзно интервју, може да плати казна и до 600 илјади евра, пренесува „Газета дело спорт“.

Се вчитува...