Рамос: Бевме поблиску до победа и се уште сме непоразени, тоа е многу важно

Реал Мадрид ремизираше без голови на „Ванда Метрополитано“ против градскиот ривал Атлетико и го задржа првото место на табелата во Ла Лига. Сега има бод предност пред тимот на Диего Симеоне, а два бода повеќе од Барселона. Капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос вели дека Реал беше поблиску до победа, но Јан Облак го спасил Атлетико по ударот со глава на Бензема. Од друга страна, тој смета дека е важно за Реал Мадрид што се уште е непоразена екипа во Ла Лига.

„Бевме поблиску до триумф, но не успеавме да ги освоиме трите бода. Облак го одбрани ударот на Бензема, веројатно го спаси тимот од пораз. Атлетико Мадрид не ни дозволи многу простор, беше ова физичка пресметка, дуел со многу трчање и жестоки дуели на секој дел од теренот. Можеби не победивме, но и натаму сме лидери, а важно е штп и понатаму остануваме непоразени. Одиме понатаму, има уште многу да се игра и ние ќе бидеме се подобри и подобри“, изјави Серхио Рамос по градската пресметка со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...