Рамос: Фудбалери како Погба секогаш се добредојдени во Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос изјави дека квалитетни фудбалери како Пол Погба секогаш ќе бидат добредојдени во неговиот клуб.

„Мислам дека вратата од Реал Мадрид е секогаш отворена за квалитетни фудбалери како што е Пол. Тој е еден од најдобрите фудбалери. Покажа колку вреди во Јувентус, но и сега во Манчестер Јунајтед. Се работи за фудбалер кој носи рамнотежа. Има големо влијание во нападот и е во неверојатна физичка форма“, изјави Рамос. 

Погба ги пропушти квалификациските натпревари за Франција поради повреда, а во Јунајтед се надеваат дека наскоро ќе се врати на терените.

Се вчитува...