Рамос на „Камп Ноу“ испишува историја на „Ел Класико“, „кралевите“ сакаат ‘Ла Лига триумф’ по три години

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, вечерва на „Камп Ноу“ ќе го урне рекордот за најмногу настапи во историјата на „Ел Класико“, но сигурно би го менувал тој историски податок за успех на „кралевите“ во мега-дербито со Барселона. Последниот триумф на мадридскиот гигант датира од 2.април 2016 година, кога Реал Мадрид славеше со 1-2 со головите на Карим Бензема и на Кристијано Роналдо.

Серхио Рамос вечерва ќе го има 43.настап на најголемото светско фудбалско дерби и ќе ги надмине Чави Ернандез, Маноло Санчис и Пако Генто, кои имаат 42 учества. Лионел Меси вечерва ќе ги достигне токму овие тројца, со 42 меча на „Ел Класико“.

„Тоа е најголемиот дуел, мотивацијата е пресудна. Тимот е подготвен, Реал Мадрид секогаш игра на победа, дури и кога е „Ел Класико“ во прашање“, најави тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан.

Барселона има 96 победи во досегашните пресметки, една повеќе од Реал Мадрид.

 

Се вчитува...