Рамос: Не сум луд да му шутирам „паненка“ на Буфон

Многу работи во играта на Реал Мадрид на саботното финале со Јувентус ќе зависат од Серхио Рамос, одличниот дефанзивец кој не само што е командант на „кралската одбрана“, туку и многу често знае да ги постигне клучните голови на најзначајните средби на овој тим.

Доколку дојде до пенал-рулет, нема сомнеж дека Рамос ќе биде еден од оние кои ќе ја преземат одговорноста врз себе, но шпанскиот ас е свесен дека против себе ќе го има најдобриот голман на денешницата, Џанлуиџи Буфон.

Пенал-рулет во Лигата на шампионите? Тоа не е ништо ново, знам дека сите се нервозни, но јас ќе бидам подготвен да ја преземам одговорноста. Едно е сигурно, нема да шутирам „паненка“, па не сум луд за ваков обид против Буфон, еден од голманите кои чекаат буквално до последната секунда да видат каде ќе тргне топката. Ќе се обидам да го измамам, но тоа сигурно нема да биде со „паненка“, ризикот е преголем кога против себе го имате Џанлуиџи Буфон“ – истакна Рамос во пресрет на саботното финале.

Се вчитува...