Рамос против Леганес израмни рекорд на Лионел Меси

Реал Мадрид славеше против Леганес со 5-0, а капитенот на клубот Серхио Рамос беше еден од стрелците на мечот со што израмни рекорд на Лионел Меси. Рамос го постигна третиот гол за „кралскиот клуб“ со што стана втор фудбалер во историјата на Ла лига кој 16 сезони по ред се запишувал во листата на стрелците. Досега вавко нешто му успеало само на Лионел Меси, а за поздравување е тоа што Рамос е одбранбен фудбалер, а е рекордер заедно со еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

 

Се вчитува...