Рамос прв го коментираше доаѓањето на Азар во Реал

Кралскиот клуб конечно ја заврши трансфер сагата потврдувајќи дека Еден Азар е нов фудбалер на тимот кој доаѓа од Челси, потпишувајќи петгодишен договор.

Азар би требало да биде најголемото засилување за новата сезона, па прв кој се огласи по трансферот е капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос кој не го криеше воодушевувањето.

„Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно ќе биде огромно засилување за нашата екипа. Задоволен сум како течат подготовките за новата сезона што се однесува до засилувањата“ – вели Рамос, коментирајќи и за шпекулациите за неговото заминување од клубот.

„Морав да свикам прес-конференција и да ја затворам таа приказна. Среќен сум што играм за Реал и сакам секако во овој клуб да останам што подолго“ – дополнува Рамос.

Се вчитува...