Рамос: Роналдо е наш клучен играч, среќни сме што е тука!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на официјалната прес-конференција пред утрешниот УЕФА Суперкуп го потенцираше значењето на Кристијано Роналдо за „кралскиот клуб“, верувајќи дека ќе може да настапи против Манчестер јунајтед, без разлика што е само два дена со тимот на почетокот од новата сезона.

„Кристијано е клучниот играч за Реал Мадрид, и сите тоа добро го знаат. Верувам дека за него ќе нема никаков проблем да игра уште утре, без разлика што со тимот одработи само два тренинзи ова лето“ – рече Рамос, дополнувајќи и на темата дали Роналдо ќе го напушти Мадрид пред новата сезона.

„Тоа е лично прашање и сигурно не сакам сега да разговарам на таа тема. Но, Роналдо е тука со нас во овој момент и среќни сме што ќе го имаме во Македонија за дуелот со Јунајтед“.

Рамос, како и неговиот соиграч Марсело, веруваат дека утре на „Телеком арената“ во Скопје може да се дојде допрвиот трофеј сезонава.

„Максимално сме подготвени. Секако не се поставува прашањето зошто сме дојдени во Скопје. Ја сакаме титулата во Суперкупот. Одигравме со Манчестер еден натпревар во предсезоната, но сега е сосема поинаква приказна. Ова е официјален натпревар со сосема различен мотив“ – рече Марсело.

Се вчитува...