Рамос во кариерата има добиено повеќе црвени картони од освоени трофеи

Серхио Рамос е главниот виновник за поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити (1-2) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Капитенот на „кралевите“ прво изгуби воздушен дуел по кој Сити израмни на 1-1, а на крајот од мечот доби и директен црвен картон.

Тоа за искусниот Шпанец беше вкупно 27 во кариерата (1 за Севилја Б и 26 за Реал Мадрид). Интересен е податокот што досега Рамос во кариерата има освоено помалку трофеи од добиени црвени картони. Тој со Реал Мадрид и со репрезентацијата на Шпанија вкупно досега освои 25 титули.

Се вчитува...