Рамос згреши почетнички, Реал Сосиедад води на „Бернабеу“

Серхио Рамос се посрамоти на самиот почеток од вечерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, откако капитенот на „кралевите“ со аматерска грешка им подари гол на противникот.

Се играше втората минута кога Рамос се обиде да ја врати топката до Куртоа, не забележувајќи дека Вилијам Жозе чека токму таков „кикс“. Напаѓачот на Реал Сосиедад ја украде топката пред домашниот голман, одлично се ослободи од него и стрелаше прецизно, замолкнувајќи ги домашните фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...