„Ранетите“ на мегдан: Академија Пандев во Ѓорче Петров фаќа ритам за врвот

Македонија ЃП и Академија Пандев го отвораат денешниот прволигашки ден во македонскиот фудбал со дуелот во Ѓорче Петров од 13 часот во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По поразите на двете екипи на стартот од пролетната сезона, и „лавовите“ и „пандевци“, без сомнение, сега со отворена желба за атак на трите бода во битката за европски излез.

Во таборот на Македонија ЃП, како што велат, веќе е заборавен поразот од Вардар. Силна е вербата дека може да се дојде до победа против Академија Пандев, со која повторно ќе се биде во трка и за втората позиција на табелата.

Но, три бода посакуваат и во составот на Југослав Тренчовски…

„Јасно е дека ќе биде тежок натпревар. Се соочуваме со проблеми околу составот, поради повредите и суспензиите, но секако секој во тимот е подготвен за максимално издание како би дошлe до бодовите“ – вели Тренчовски.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (13 ч.)
ВЧЕРА
БОРЕЦ – ВАРДАР 0-1

Се вчитува...