Рангник брутално искрен: Јунајтед има само екстра-голман, треба да се засили на сите останати позиции

Ралф Рангник требаше да биде спасител на Манчестер Јунајтед, но како што одминува времето така станува јасно дека изборот на германскиот стратег за краткорочно решение на наследник на Солскјер е големо промашување.

Рангник не успеа да го наметне авторитетот врз скапите фудбалери во тимот, се почесто се решава да остави дел од нив на клупата, а во изјавата пред дуелот со Ливерпул на „Енфилд“ повторно ги понижи своите играчи.

„Новиот тренер ќе има можност да си ги избере засилувањата, но дефинитивно еден или двајца нови играчи нема да го решат проблемот. Постојат фудбалери кои можат да му помогнат на Јунајтед без разлика кој ќе биде тренер и јас имињата на тие играчи веќе им ги соопштив на директорите на клубот. Едно треба да биде јасно, на Јунајтед му е потребен ремонт, екипата е стабилна само со голманите, а на сите останати позиции неопходно ќе биде најмалку по едно засилување, можеби и повеќе“, изјави Рангник.

Дури петмина фудбалери на Јунајтед летово ќе си заминат од клубот, Погба, Кавани, Мата и Лингард си одат како слободни грачи, додека Немања Матиќ веќе поднесе барање за трансфер иако има уште една година од актуелниот договор со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...