Рангник брутално искрен: Ливерпул e шест години пред нас, на новиот тренер дајте му време, а не отказ…

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, по катастрофалниот пораз од Ливерпул (4-0), со својата изјава дополнително ги понижи играчите и клубот. Тренер на Манчестер јунајтед од наредната сезоната најверојатно ќе биде Ерик Тен Хаг, а Рангник и понатаму ќе остане да работи, но како советник во клубот.

Германецот потенцираше дека Јунајтед заостанува неколку години во однос на квалитетот на Ливерпул, па уште повеќе ги разгори страстите меѓу фановите на „црвените ѓаволи“.

„Клоп во Ливерпул дојде пред шест години, толку ние заостануваме во однос на нив. Овој тим треба повторно да се изгради. Тоа на сите им е јасно. Натпреварот покажа дека треба да се состави нов тим, дека се потребни радикални промени. Ова е големо понижување и разочарување. Тимот мора повторно да го изградиме. Шест, седум, можеби и 10 нови играчи ќе дојдат. Сепак, она што е клучно е новиот тренер да добие подолго време за да постави темели и систем на игра. Кога ќе биде криза, дајте му време и доверба, а не отказ“, порача Рангник.

Се вчитува...