Рангник даде зелено светло – Јунајтед го продава Погба уште во јануари

Раководството на Манчестер Јунајтед се повеќе ја разгледува можноста да се раздели со Пол Погба уште во месец јануари. Клубот веќе најави дека очекува понуди за Французинот и секоја ќе биде разгледана многу внимателно.

„Црвените ѓаволи“ се чини се помириле со тоа што не можат да го убедат играчот да потпише нов договор, а актуелниот му истекува на лето. Па Затоа и ќе настојуваат да го продадат оваа зима и да земат барем извесна сума за него, наместо да го остават да замине како слободен играч на крајот на сезоната.

Пол Погба не успеа да блесне во Јунајтед, иако постојано се влеваше надеж меѓу фановите дека му треба време за да се прилагоди од Италија на фудбалот во Англија, сепак, ниту времето не помогна да ја прикаже играта за која беше донесен на Островот.

Се вчитува...