Рангник фасциниран од Роналдо: Ова што го прави Кристијано на 37 години не е нормално

Кристијано Роналдо постигна гол за Манчестер Јунајтед во дербито против Челси (1-1) и буквално од ништо извлече бод за својот тим. Челси беше многу подобар ривал, но на крајот „ѓаволите“ останаа непоразени, а менаџерот Ралф Рангник го пофали португласкиот ас.

„Не е нормално тоа што го прави Роналдо на 37 години… Таква желба… не мислам само на голот. Ако игра вака, може да биде од голема корист за Манчестер Јунајтед“, изјави Рангник.

Тој вели дека иднината на Роналдо на „Олд Трафорд“ треба да ја одреди Ерик тен Хаг.

„Сè уште не сум разговарал со Ерик тен Хаг за Роналдо. Мораме да седнеме да разговараме јас, Ерик, Роналдо и челниците на клубот. Роналдо има договор и за наредната сезона и важно е да видиме дали тој сака да остане во тимот. На крајот тоа ќе биде одлука која ќе ја донесат Ерик и Кристијано. Можам само да кажам дека тој беше одличен на овој натпревар и тоа ме прави среќен“, истакна Рангник.

Се вчитува...