Рангник искрено за Роналдо: Не можам да го натерам да игра, немоќен сум!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, рекол дека им верува на клупскиот медицински тим, кој го известил дека Кристијано Роналдо, поради повреда нема да може да настапи против Манчестер сити.

Јунајтед, вчера гостуваше кај градскиот ривал. Натпреварот заврши со победа на Сити од 4-1.

Роналдо не играл поради проблеми со колкот. По мечот, неколку медиуми објавија дека Португалецот не е повреден туку дека не се согласил со идејата на Ранкниг натпреварот да го почне од клупата за резерви.

„Морам да му верувам на лекарскиот тим. Во петокот ме известија дека Кристијано има проблем со колкот и дека не може да тренира. Истото ми го потврдија и во саботата. Поради тоа не беше во тимот. Ништо нема да смени ако ви кажам дека сум фрустриран и немоќен. Тоа е факт. Ако играч на лекарот му каже дека не може да игра, јас тоа како тренер морам да го прифатам. Не можам некого да натерам да игра, ако тој смета дека е повреден“, заклучи Рангник.

Се вчитува...