Рангник: Кога ќе ви се јави Манчестер Јунајтед, не можете да кажете „НЕ“

Ралф Рангник од денеска и официјално е нов менаџер на Манчестер Јунајтед, преземајќи ја функцијата што привремено ја извршување Мајкл Карик. Германскиот стратег утрово на прес-конференција ги искажа првите импресии за тимот, не криејќи дека очекува подобри резултати од она што „црвените ѓаволи“ го остваруваа во досегашниот дел од сезоната.

Рагник доаѓање во клубот откако ја извршуваше директорската функција во Локомотив Москва. Тој претходно во последен момент извиси за тренер на Милан, па ангажманот во Јунајтед е негов камбек на тренерскиот занает.

„Кога ќе ви се јави клуб како Манчестер Јунајтед и ве повика да работите таму, не можете да кажете НЕ. Претходно имав и понуда од Челси, но само за ангажман од четири месеци, што беше неприфатливо. Со Јунајтед се договоривме за тренерска работа во следните шест месеци, но потоа и советничка функција во клубот во наредните две години. Севкупно гледано, мислам дека имаме квалитетен тим. Кога ќе се сетам на тимот на Ливерпул во моментот кога Клоп пристигна во клубот, овој тим што јас сега го имам на располагање сигурно е подобар“, изјави Рангник.

Германецот е свесен дека допрва ќе треба да ја наметне својата фудбалска филозофија во тимот.

„Она што јас и играчите го имаме заедничко е што сакаме да победиме на секој натпревар. Го гледав вчерашниот дуел со Арсенал, одлично е што триумфиравме, но мислам дека ниту еден тренер не сака многу такви средби, со бројни пресврти и нервози. Она што треба е да тргнеме од почеток, најпрвин да се запознаеме со фудбалерите, да им објаснам што очекувам од нив и да почнеме со работа. Трансфери? Мислам дека имаме доволно квалитетни играчи во моментов, но откако ќе минеме одредено време заедно можеби ќе побарам ново засилување во текот на јануарскиот преоден рок“, прокоментира новиот стратег на Манчестер Јунајтед.

На првата прес-конференција, веднаш следеше и прашање за соработката со Кристијано Роналдо.

„Секогаш треба да се адаптираш на играчите кои ги имаш, а не обратно. Од она што го видов од Роналдо вчера, никогаш досега немам видено таков играч, толку физички подготвен на 36-годишна возраст. Јасно е дека тој со огромна леснотија прави голема разлика на натпреварите“, истакна Ралф Рангник.

Се вчитува...