Рангник „моли“ за повик: Сигурен сум дека Тен Хаг го има мојот број

Ралф Рангник треба да извршува советничка улога во Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната, но фактот што веќе е промовиран како австриски селектор ги ставаат под знак прашалник досегашните планови на клубот.

Очигледно е дека и идниот менаџер Ерик тен Хаг засега не чувствува потреба за комуникација со Рангник, па самиот Германец призна дека се уште не разговарал со холандскиот колега.

„Тој има уште два натпревара, ние уште три, ќе бидам среќен кога ќе посака да разговара со мене. Сигурен сум дека го има мојот телефонски број. Што се однесува до Роналдо, само новиот менаџер може да ви одговори дали ќе одговара на неговиот систем. Кристијано покажа дека може да биде многу значаен за тимот, иако Јунајтед мора да ангажира барем два напаѓача за следната сезона. Сигурен сум дека Тен Хаг ќе ги доведе вистинските фудбалери и Јунајтед ќе има подобар пласман следната сезона“, изјавил Рангник.

Манчестер Јунајтед денеска го пречекува Брентфорд во Премиер-лигата и мора да победи ако сака да ги задржи теоретските шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...