Менаџерот на Манчестер Јунајтед во заминување, Ралф Рангник, смета дека фудбалерите сами треба да одлучат дали Хари Мегваер ќе биде капитен и следната сезона.
Германецот го наследи дефанзивецот како капитен од својот претходник Оле Гунар Солскјер, а и покрај шпекулациите, не дојде до промена на носителот на оваа „функција“.
„Убеден сум дека капитенот треба да се избира со гласање на сите фудбалери. Секогаш во моите тимови имало по четири-пет фудбалери како еден вид совет на фудбалери, а на крајот оној кој ќе освои најмногу гласови, ќе биде и капитен. Знам дека многу тренери не го прават ова, но ако бев во Јунајтед, јас би го направил тоа за следната сезона. Со оглед на тоа што нема да бидам менаџер, ова прашање ќе треба да го решава Тен Хаг“, изјавил Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА