Рангник во јануари добива 100 милиони фунти за да го спаси Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ќе се враќа на врвот на англискиот и европскиот фудбал со „професорот по фудбал“, Ралф Рангник. Германецот во редовите на „црвените ѓаволи“ пристигнува од Русија, а и покрај тоа што веќе е во Манчестер неговото деби се очекува во следното коло кога на „Олд Трафорд“ ќе гостува Кристал Палас.

За спас на сезоната, но и започнување на нова ера во Манчестер германскиот стручњак на располагање ќе има и 100 милиони фунти кои ќе може да ги искористи во јануарскиот пероден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Очекувањата се дека поранешниот тренер на Лајпциг ќе се обиде повторно да соработува со тандемот од средниот ред Амаду Хаидара и Кристофер Нкунку, а по овие следната трансфер цел ќе биде норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд.

Се вчитува...