Раниери е опција за Севилја, ако Сампаоли замине во Барселона

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери би можел од следната сезона да седне на клупата на шпанскиот прволигаш Севилја. Сегашниот тренер Хорхе Сампаоли одлично си ја врши својата работа, но токму затоа е и прв „пик“ на Барселона за наследник на Луис Енрике, кој најверојатно ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната. Доколку тоа се случи, тогаш Севилја како опција го има Раниери, кој пред неколку дена доби отказ од актуелниот англиски првак Лестер.

Севилја е во трка за шампионската титула во Примера заедно со Реал Мадрид и со Барселона, а Раниери веќе покажа дека знае како се освојува шампионски торфеј, и тоа со тотален аутсајдер. Рано е за вакви претпоставки, но може лесно да се случи оваа комбинација и да се оствари.

Се вчитува...