Раниери има план: Со 22 играчи и два „автобуси“ против ПСЖ

Клаудио Раниери бележи одлични резултати со Нант во францускиот шампионат, но искусниот стратег најголемиот предизвик ќе го има в сабота, кога со своите „канаринци“ ќе му гостува на гигантот ПСЖ. Јасно е дека „светците“ ќе ја имаат фаворитската улога на оваа средба, а на Раниери му е јасно колку ќе биде тешко да се запре атомскиот напад на домашниот тим.

Како да ги запрам Нејмар, Кавани, Мбапе, Алвеш? Прво, ако можам, би играл со 22 фудбалери во поле, а потоа пред нашиот гол би паркирал не еден, туку два автобуси“ – со шега ја почна својата изјава Раниери, па додаде: Ако говориме сериозно, можеби би требало да бидеме како Монпелје, да играме со петмина во линија во одбраната. Тие извлекоа 0-0. Она што е важно е моите момци да бидат смирени, да го дадат максимумот и ако им се укаже шанса да ја искористат“ – изјави Раниери.

Нант моментно се наоѓа на одличното петто место на табелата, со само два бода заостанување зад третопласираниот Лион.

Се вчитува...