Раниери: Имам една препорака до Пирло…

Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери изјави дека доколку тој беше на местото на Андре Пирло не би ги санкционирал фудбалерите на Јувентус, Вестон Мекени, Артур Мело и Пауло Дибала,.

Имено, тројцата фудбалери беа изоставени од протоколот од претходниот викенд за натпреварот против Торино затоа што беа казнети заради присуство на забава минатата недела, која тие ја организираа во домот на Мекени за време на полицискиот час, кога собирањето е строго забрането.

„Нивното однесување сигурно не е најдобро, но јас не би направил премногу драма за тоа. Не би ги казнил за да не бидат во протоколот за важни натпревари“, рече Раниери.

Се вчитува...