Раниери може во Нант, не е премногу стар за тренер

Клаудио Раниери треба да го преземе францускиот Нант, а трансферот беше закочен поради еден административен проблем. Според правилата на француската Лига 1, клубовите не можат да вработат тренер постар од 65 години, а Раниери има 65 години и седум месеци.

Сепак, италијанскиот стручњак вложи жалба до Француската фудбалска федерација во која бара да се направи исклучок од правилото како што е направено за Ги Ру, кој го презеде Ленс на 68-годишна возраст. И одборот на Лигата му дозволи на Раниери да ја преземе новата функција.

Раниери доби отказ на кормилото на Лестер само неколку месеци откако со „лисиците“ ја освои сензационалната прва титула во Премиер – лигата. Покрај Нант, за услугите на италијанскиот тренер беше заинтересиран и Сент Етјен, но Раниери ја избра првата понуда поради амбициозниот проект на клубот.

Раниери и претходно работеше во Франција, во периодот од 2012 до 2014 кога го предводеше Монако.

Се вчитува...