Раниери му подари историја на Лестер, но ПОСЛЕ ТИТУЛА – ДОАЃА ОТКАЗ во Премиер – лигата

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери доби отказ од актуелниот шампион во Премиер – лигата, Лестер. Човекот што во мај беше херој, а на крајот од 2016 беше избран за спортска личност на годината, во февруари заработи отказ. Сурова е тренерската судбина, а клупските сопственици можеби се и премногу сурови. Но, ако се погледне низ историјата на Премиер – лигата, и тоа во последните пет години, сите менаџери кои освоија титули, веќе следната сезона заработија откази. Вртлогот на традицијата го зема и Раниери.

Во 2012 година, Роберто Манчини доби отказ од Манчестер сити, а претходно ја освои шампионската титула со „граѓаните“.

Во 2013 година, сер Алекс Фергусон замина во пензија, а претходно ја освои титулата за последен пат во својата кариера.

Во 2014 година, Мануел Пелегрини беше заменет од кормилото на Манчестер сити, а претходно го донесе шампионскиот пехар на „Етихад“.

Во 2015 година, Жозе Мурињо доби отказ од Челси, а претходно донесе титула на „Стемфорд бриџ“.

После титулата во 2016, сега и Клаудио Раниери добива отказ од кормилото на Лестер…

Се вчитува...