Раниери пристигна во Англија, се чека потпис со Ватфорд

Клаудио Раниери, познат италијански стручњак, пристигна во Англија на последни преговори за преземање на Ватфорд. Штом Муњоз доби отказ од Ватфорд, започнаа шпекулациите дека Раниери ќе го преземе тимот.

Најверојатно овие информации се точни, бидејќи одличниот 70-годишен тренер дојде на Островот. Според локалните медиуми, работата е практично завршена. Раниери е надвор од терените од крајот на минатата сезона кога ја напушти Сампдорија. Италијанецот има големо искуство во Премиер-лигата. Тој го водеше Челси четири сезони, а најголемиот успех го направи со Лестер, со кого ја освои Премиер-лигата во сезоната 2015/16, што се смета за едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот.

По седум одиграни кола, Ватфорд се наоѓа на 15-то место со седум освоени бодови. Досега оваа сезона, тие постигнаа две победи, едно реми и четири порази.

 

 

 

Се вчитува...