Раниери сака да стане нов рекордер на Премиерлигата

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери се врати во Премиерлигата каде ќе го предводи Вотфорд. Освојувачот на сензационалната титула со Лестер во 2016 година дебито на клупата на „стршлените“ ќе го има во сабота кога Вотфорд го пречекува Ливерпул.

Раниери не го криеше задоволството за враќањето на „Островот“ каде беше дел и од Челси и Фулам, а има и цел да постане нов рекордер на Премиерлигата како најстар тренер во нејзината историја. Овој рекорд го држи Рој Ходсон со 73 години и 10 месеци, а Италијанецот допрва ќе наполни 70 години.

„Зошто да не го срушам рекордот? Се осеќам многу младо, немам проблеми со годините. Фудбалот е мојот живот и сеуште имам посебна емоција за играта. Работам со иста енергија како кога започнував и ќе продолжам да работам се додека можам“, изјави Раниери.

Се вчитува...