Раниери загрижен: Мора да почнеме да постигнуваме погодоци…

Актуелниот шампион Лестер, вчера беше убедливо поразен од Манчестер јунајтед (0-3) и екипата на Клаудио Раниери сега се наоѓа на само еден бод од зоната на испаѓање, после 24 одиграни натпревари.

Стратегот на „лисиците“ е загрижен поради овој пораз и верува дека тимот ќе ја подобри својата ефикасност…

„Мораме да постигнуваме многу повеќе погодоци, не смееме да се откажеме. Сега е најважно да веруваме во нашите играчи. Минатата сезона се изгледаше неверојатно, играчите ’пукаа’ од самодоверба, а сега ситуацијата е поинаква. Мораме да бидеме како семејство, да сме заедно. Задоволен сум од играчите и мора да се избориме со оваа криза“ – истакна Раниери.

Се вчитува...