Рапсодија на терен, фешта на трибини – Моќниот Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер делува се помоќно од натпревар во натпревар, формата се движи во нагорна линија, а кога зад себе ќе се имаат и верните навивачи во исполнетата (согласно критериумите и Covid-препораките) сала „Боро Чурлевски“, тогаш успехот е неизбежен.

За разлика од лесниот пораз на отворањето на европската сезона од Ним, кога мечот беше загубен уште во првото полувреме, овојпат избраниците на Бабиќ победата ја осигураа за нецели триесет минути игра. Асполутна доминација, моќна одбрана надополнета со „шаренолик“ напад, е причина за задоволство меѓу битолчани, кои со оваа победа направија нов џиновски чекор кон пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа.

 

Се вчитува...