Рапсодија на Вардар во Манхајм (полувреме, 12-16)

Вардар одигра извонредно прво полувреме на гостувањето во Манхајм против Рајн-Некар Левен, држејќи му лекција по модерен ракомет на германскиот вицепрвак и на одмор заминувајќи со предност од убедливи 12-16.

Од самиот почеток беше јасно дека нападот на „вардарци“ ќе функционира беспрекорно, a домаќините парираа само неколку минути, до 3-3. Потоа македонскиот првак заигра подобро во одбраната, на голот почна да блеска Милосављев, па со серија од 1-4 Вардар набрзина поведе со 4-7.

Јакобсен се обидуваше со се и сешто, зеде два тајмаути, го уфрли и Талески во нападот, на голманот Паличка го смени индиспонираниот Апелгрен, „лавовите“ заиграа и „седум на шест“, но се беше попусто – Вардар игра беспрекорно, максимално ги користи своите шанси и заслужено на одмор заминува со предност од  четири гола, иако на неколку минути пред крајот на полувремето имаше и најубедливи „плус седум“ (9-16).

Карачиќ игра извонредно полувреме со шест постигнати гола, а по три пати меѓу стрелците се запишаа и Стоилов, Криштопанс и Дибиров.

Се вчитува...