Расел Вестбрук стана „волшебник“

Сагата за следната дестинација на Расел Вестбрук конечно заврши. Тимот од Тексас ја проследи суперѕвездата во редовите на Вашингтон од каде во спротивната дестинација замина Џон Вол. Покрај бекот, Хјустон доби и заштитен пик од првата рунда на драфтот цо 2023 година.

Оваа размена би требало да ги задоволи и двајцата кошаркари кои во претсезоната инсистираа на заминување од Рокетс, односно Визардс. Расел Вестбрук повторно ќе соработува со Скот Брукс, кој му беше тренер во Оклахома седум години, додека пак Џон Вол по долгата пауза, која трае уште од декември 2018 година, ќе се врати на паркетот во друг дрес.

Претходната сезона Вестбрук бележеше просек од 27.2 поени, 7.9 скока и 7.0 асистенции по натпревар, додека во последната сезона Вол како предводник на Вашингтон бележеше 20.7 поени, 3.6 скока и 8.7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...