Расел Вестбрук заминува од Хјустон

Расел Вестбрук сака да го напушти Хјустон Рокетс, пренесуваат американските медиуми. Вестбрук побарал трејд, а го информирал и раководството на клубот дека веќе не сака да игра за франшизата од Тексас.

Во Хјустон се обидоа да ги спојат Вестбрук и Џејмс Харден, кои заедно играа во Оклахома Сити Тандер, но тоа им донесе само минување на првата рунда од плеј-офот. Тие во полуфиналето на Западот загубија од шампионите ЛА Лејкерс со 4-1.

Како можни дестинации за одличниот бек се споменуваат двата тима од Лос Анџелес Лејкерс и Клиперс, како и Њујорк Никс.

Се вчитува...