„Луди пари“ во НБА: Расел Вестбрук заработува 173 долари во секунда

Ѕвездата на Оклахома, Расел Вестбрук заработува 173,6 долари во секунда со што е најплатениот играч во НБА лигата. Според податоците на „Eurohoops“, Вестбрук годишно добива 41 милион долари, а до крајот на договорот во 2023 година, ќе инкасира вкупно 205 милиони долари.

Втор на листата е Стеф Кари чија заработувачка е 170 долари во секунда. Потоа е Крис Пол кој има 169 долари за само една секунда. Леброн Џејмс е четвртопасиран. Тој според новиот догвор со Лос анџелес Лејкерс добива по 162 долари во секунда.

На топ 10 листата се уште и Ендрју Вигинс, Блејк Грифин, Пол Џорџ, Кајл Лори, Гордон Хејворд и Кевин Дурант.

 

Се вчитува...