Рашфорд ги одложува преговoрите за останување на „Олд Трафорд“

Загрижен за преспективите и правецот во кој се движи Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ги одложува преговорите за долгорочен договор со клубот. Неизвесноста околу тоа кога и дали Јуанјтед ќе се врати во европската елита го принудила Рашфорд да размислува и за други опции.

Според актуелниот договор, Рашфорд е на „Олд Трафорд“ до завршувањето на следната сезона, но се очкува клубот да активира и клаузула за дополнителна сезона. Јунајтед пак е во обид да потпише договор со англискиот репрезентативец за повеќе сезони. Според најавите, целиот концепт на менџерот Солскјер за иднната на клубот била поврзана со Рашфорд како централна фигура.

Манчестер Јунајтед стравува дека ако Рашфорд не потпише долгорочен договор и со него ќе биде во идентична ситуација како со Де Хеа. На шпанскиот голман следната сезона му истекува договорот, продолжување не е потпишано, а сега клубот е во ситуација да го продаде летово или следното да остане и без него и без пари.

Се вчитува...