Рашфорд го расплака Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо се врати на „Олд Трафорд“ како менаџер на Тотенхем и загуби со 2-1 од поранешниот клуб Манчестер Јунајтед. Маркус Рашфорд, младиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ го расплака „Специјалниот“ со два гола и беше човек на одлука на овој дерби – дуел.

Тоа е само петта победа за Јунајтед оваа сезона која во моментот го носи на шестата позиција на табелата во Премиер – лигата.

Деле Али беше стрелец на голот за Тотенхем на Театарот на соништата.

Челси го совлада тимот на Астон Вила со 2-1 со головите на Теми Абрахам и на Мејсон Маунт. Но, Лестер не ја дава втората позиција откако славеше против Вотфорд со 2-0. Џејми Варди од пенал донесе водство за „лисиците“ во 55.минута, а Џејмс Медисон во судиското продолжение го потврди триумфот.

Саутемптон со 2-1 го победи Норич, а Вулверхемптон го доби Вест Хем со 2-0.

Се вчитува...