Манчестер Јунајтед им се врати на победите во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 14. коло славеше против Вест Хем со 1-0. Херојот на „црвените ѓаволи“ е Маркус Рашфорд кој во 38. минута на неверојатната асистенција на Ериксен ја затресе мрежата на „чекичарите“, но мора се напоменат и неверојатните одбрани на шпанскиот голман кој во второто полувреме го спречи налетот на гостите.
Со новите три бода Манчестер Јунајтед го престигна Челси на петото место на табелата, додека Вест Хем остнаува на средината на табелата со само 14 освоени бода по исто толку кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА