Рашфорд и Манчестер Јунајтед блиску до нов договор

Маркус Рашфорд кариерата ќе ја продолжи во редовите на Манчстер Јунајтед со кој е блиску до нов договор, пренесуваат англиските медиуми. Актуелниот договор на репрезентативецот на Англија истекува на крајот на следната сезона, а негова желба е да остане во клубот.

Рашфорд е дел од Манчстер Јунајтед уште од младинската школа, а деби настапот за сениорскиот тим го забележа во 2015 година. Оттогаш одигра 359 натпревари на кои 123 пати ја тресеше мрежата и 68 пати асистираше до соиграчите.

За услугите на 25-годишникот е заинтересиран Арсенал, но Рашфорд верува во тренерот Ерик тен Хаг и неговата визија и сака да продолжи на „Олд Трафорд“ каде во иднина ќе се бори за најголемите трофеи.

Се вчитува...