Рашфорд ќе потпише нов договор со Јунајтед и ќе стане четврти најплатен фудбалер во Премиер-лигата

Навивачите на Манчестер јунајтед имаат причина за задоволство откако најдобриот фудбалер на „црвенитее ѓаволи“, Маркус Рашфорд, конечно договори продолжување на соработката со овој клуб. Рашфорд влегуваше во последната година од актуелниот договор и неговото останување беше приоритет за клупските директори, преговорите траеја половина година, за на крајот да биде пронајден заеднички јазик.

Според англиските медиуми, агентот на Рашфорд конечно ги договорил сите детали, па се очекува во наредните денови и официјално да биде потпишан новиот договор, што ќе биде со важност до 2028 година. Со него, англискиот репрезентативен голгетер ќе има значајно зголемување на платата, од сегашните 250.000 фунти неделно на огромни 375.000 фунти неделно. Со тоа, Рашфорд ќе стане четврти најплатен фдбалер во Премиер-лигата, зад Кевин де Бруине, Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.

Тој имаше извонредна сезона под водство на Ерик тен Хаг, откако холандскиот тренер го претвори Рашфорд во вистинска гол-машина постигнувајќи 30 погодоци минатата сезона. Со тоа се промени и визијата на Рашфорд за иднината, па откако претходно размислуваше за трансфер во ПСЖ тој сега се насочи само кон преговорите со Јунајтед што вродија со плод.

Се вчитува...