Рашфорд: Короната е минато во Манчестер јунајтед

Маркус Рашфорд изјави дека екипата на Манчестер јунајтед во полн состав се подготвува за мечот против Њукасл и дека короната во тимот е веќе минато. „Црвените-ѓаволи“ ги погоди бран од Ковид 19, поради што мораше да им бидат одложени два меча во Премиер-лигата.

Тимот од „Олд трафорд“ последниот натпревар го одигра пред дванаесет дена против Норич кој го доби со 1-0.

„Екипата цело време тренираше, а од денеска веќе сите се вративме на тренинг. Воглавно сме комплетни, што е најпозитивна вест неделава. Имаме добар распоред и се надевам со добра игра ќе стигнеме до позитивни резултати“, изјави Рашфорд.

Се вчитува...