„Рашфорд може да биде еден од најдобрите во светот“

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ има високо мислење за својот соиграч, Маркус Рашфорд и смета дека младиот Англичанец еден ден може да стане и еден од најдобрите во светот.

„Маркус поседува голем потенцијал. Надвор од теренот е исто така неверојатно добро момче. Мислам дека се уште ги нема потполно искористено своите квалитети. Сигурен сум дека може да биде еден од најдобрите во светот“, вели Матиќ.

Рашфорд сезонава постигна 14 голови во сите натпреварувања и е еден од лидерите на тимот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...