Рашфорд повторно херој на Британија (ФОТО)

Маркус Рашфорд ја продолжува борбата со детската сиромаштија во Велика Британија. Тој започна онлајн петиција со која бара проширување на проектот за бесплатни оброци за децата од раниливите категории. Ѕвездата на Манчестер Јуанјтед беше особено гласен изминативе месеци околу овој проблем и дури и доби кралски орден и титула за залагањата. Рашфордј сега бара поддршка од јавноста во обидот за помош на непривилигираните деца.

„Какво и да е вашето мислење, чувство или дури осуда, недостатокот на храна никогаш не е по вина на детето. Да ги заштитиме нашите најмлади. Да се обединиме и да кажеме дека ваквата ситуација е неприфатлива. Денеска милиони деца се меѓу најранливите и почнуваат да се прашуваат што всушност значи да се биде Британец“ – порача Рашфорд.

Петицијата на Рашфорд содржи барање проектот за беспалтни оброци да биде прошитен на дополнителни 1,5 милион деца. Проценките се дека нови милион деца се приајвиле за беспалтни оброци во последниве седмици. Се смета дека голбалната пандемија на коронавирусот е клучниот фактор за ваквата ситуација.

Сепак, Владата го одби ваквото барање со објаснување дека не е обврска на државата да обезбедува оброци за време на распустите и за празниците.

 

 

 

 

 

Се вчитува...