Рашфорд: Се чувствувам одлично, тренирам од дома

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд не го крие задоволството поради одличниот напредок во своето опоравување од повредата на грбот. Англискиот фудбалер не одигра натпревар уште од 15. јануари.

„Многу подобро се чувствувам. За неколку дена имам снимање и тоа би требало да потврди дека е се во ред. Многу подобро се чувствувам во однос на пред две три недели. Се чувствувам десет пати подобро. Сега е на мене да се подготвам и кога ќе заврши пандемијата со Ковид-19 да се вратам на терените“, изјави Рашфорд. 

Рашфорд сезонава забележа 31 настап за Манчестер Јунајтед на кои постигна 19 гола.

Се вчитува...