Маркус Рашфорд продолжува да го собира гневот на навивачите на Манчестер јунајтед. Тој по убедливиот пораз од Манчестер сити во градското дерби, заминал во ноќен клуб каде што се забавувал до раните утрински часови.
Тој бил виден во популарниот ноќен клуб „Чинавајт“ во центарот на Манчестер каде блиските пријатели му славеле роденден.
Рашфрод оваа сезона игра во лоша форма, постојано е критикуван од навивачите, но Ерик Тен Хаг упорно го форсира давајќи му поддршка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА