Расистички напади во Англија, нова жртва е играч на Челзи

Младиот фудбалер на Челзи и репрезентативец на Англија, Рис Џејмс (21) објави снимка со расистички пораки што ги доби преку Инстаграм. На овој начин, Рис влезе во листата на играчи во Англија кои последните денови добија расистички навреди на социјалните мрежи.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе и Ентони Марсијал исто така беа расно навредувани, а тоа се случи по неочекуваниот пораз на „Олд Трафорд“ од последнопласираниот „Шедфилд Јунајтед“ (1: 2) во средата. Поради ваквите случувања, челниците на Челзи излегоа со соопштение до јавноста.

„Овој клуб верува дека расизмот и сите форми на дискриминаторско однесување се целосно неприфатливи. Ние целосно ги осудуваме. Во спортот, како и во поширокото општество, треба да бидат санкционирани сите постапки на омраза и дискриминација, тие се неприфатливи на социјалните мрежи, но и на улица“, стои во изјавата на Челзи. Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, исто така ги осуди расистичките навреди добиени од играчите во Англија.

 

 

Се вчитува...