Распишана потерница и налог за апсење за поранешниот прв човек на Шпанската фудбалска федерација

По веста дека во акција на шпанската полиција уапсени се седум лица поврзани со перење пари поврзани со договорот за шпанскиот Суперкуп што се игра во Саудиска Арабија, пристигнува и веста дека е распишана потерница за тогашниот претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиjалес.

Проблемите за Рубиjалес само се натрупуваат и се натрупуваат еден врз друг, а како што е познато дека моментално е надвор од државата, Обвинителството распиша потерница и распиша налог за негово апсење. Рубиjалес моментално се наоѓа во Доминиканската Република, а полицијата денеска изврши претрес во неговата куќа во Гранада во рамки на операцијата што ја спроведоа.

Договорот меѓу Шпанската фудбалска асоцијација и Саудиска Арабија, според кој шпанскиот Суперкуп ќе се игра во земјата, е под истрага од 2022 година, а судот Махадахонда, кој е надлежен за случајот, во средата нареди акција што доведе до седум апсења. Полицијата ја спроведе операцијата на стадионите во Севилја и Гранада, барајќи докази за корупција и перење пари во последните пет години.

Посредник во преговорите и реализацијата на работата беше компанијата „Космос“ со која раководи поранешниот репрезентативец на Барселона и шпански репрезентативец Жерар Пике.

Се вчитува...