Распоред: Дерби уште во првото коло од Премиер-лигата

Манчестер Сити ќе ја стартува одбраната на премиерлигашката титула со гостување во Лондон, против екипата на Вест Хем. Утрово беше обелоденет распоредот за натпреварување за сезоната 2019/2020 во Премир-лигата, која официјално ќе биде отворена на 9 август (петок), со дуелот на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Норвич.

Првото коло ќе го донесе и премиерното дерби од новата сезона, Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека тимот на Челси.

Ривалите од последната трка за титулата, Манчестер Сити и Ливерпул, ќе играат еден против друг на 9 ноември на „Енфилд“ и потоа на 4 април на „Етихад“ во Манчестер.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО:

Ливерпул – Норвич, Вест хем – Манчестер Сити, Бурнемаут – Шефилд Ј., Барнли – Саутемптон, Кристал Палас – Евертон, Лестер – Вулвс, Ватфорд – Брајтон, Тотенхем – Астон Вила, Њукасл – Арсенал, Манчестер Ј. – Челси.

Се вчитува...