Распоред Ла Лига: Столе Димитриевски ќе дебитира против Барселона

Столе Димитриевски ќе дебитира за Валенсија на големо дерби против Барселона, беше одлучено со ждрепка на денешното утврдување на календарот за натпреварувачката 2024/25 во шпанската Ла Лига.

Македонскиот голман имаше неколку мечеви за паметење против Барса во дресот на Рајо, а сега ќе се обиде да го повтори тоа и како член на Валенсија, и тоа во првиот меч од новата сезона во елитното шпанско фудбалско друштво како член на „лилјаците“.

Реал Мадрид ќе ја почне одбраната на титулата во Ла Лига на гостински терен против Мајорка, меч на кој најверојатно своето деби за „кралскиот клуб“ ќе го има Килијан Мбапе.

РАСПОРЕД 1. КОЛО (18 август 2024)

Бетис – Џирона

Мајорка – Реал Мадрид

Лас Палмас – Севилја

Вилјареал – Атлетико Мадрид

Валенсија – Барселона

Реал Сосиедад – Рајо Валјекано

Селта – Алавес

Осасуна – Леганес

Валјадолид – Еспањол/Овиедо

Се вчитува...